07.12.2016 Слуцки ќе ја напушти ЦСКА, последен натпреварот со Тотенхем
Леонид Слуцки, тренерот на ЦСКА од Москва, ќе го напушти клубот по натпреварот од Лигата на шампионите против Тотенхем, соопштено е на интернет-страницата на клубот.
„Слуцки самостојно одлучи да го напушти клубот, но останува во пријателски односи со нас“, се наведува во соопштението на ЦСКА.
Слуцки од 2009 година е тренер на московскиот клуб, со кого три пати го освои првенството на Русија, но е критикуван поради лошите резултати оваа сезона.
ЦСКА есенскиот дел од Премиер лигата го заврши на третото место со 32 бода, осум помалку од Спартак од Москва, а во Лигата на шампионите остана без шанси да избори пласман во осминафиналето.
Слуцки беше селектор и на Русија, но по лошата групна фаза и елиминацијата од летошното Европско првенство, поднесе оставка.