Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2012

Рами казнет само со еден натпревар неиграње

Адил Рами, дефанзивниот играч на Валенсија, ќе го пропушти првиот натпревар против АЗ Алкмар поради исклучувањето на натпреварот со ПСВ, а УЕФА не му ја зголеми казната.

Европската фудбалска федерација одлучи да го казни одбранбениот фудбалер на Валенсија само на еден меч суспензија поради црвениот картон кој го доби на мечот одигран во Ајндховен минатиот четврток.
Поради тоа стратегот Унаи Емери нема да може да смета на Французинот само на првиот меч со АЗ Алкмар, во четврт-финалето од Лигата на Европа, додека Рами ќе биде во тимот за реваншот.
Тој доби црвен картон во дуел со Тоивонен, кој падна на земја откако овој го турна.
Рами добро помина бидејќи УЕФА не одлучи да му ја зголеми казната.

Најнови вести