22.6.2011 Мексиканецот Морено го засили Еспањол
Одбранбениот играч на мексиканската фудбалска репрезентација Ектор Морено е новото засилување на шпанскиот прволигаш Еспањол.
Во редовите на
клубот од Барселона дваесет и тригодишниот Морено доаѓа од АЗ Алкмар, а потпиша
петгодишен договор со оштета од четири милиони евра.
Морено ги бранеше
боите на АЗ Алкмар од 2008 година и му помогна во освојувањето на титулата во
холандското првенство во 2009 година.
Еспањол ќе му
биде трет клуб во кариерата по УНАМ и Алкмар, а за мексиканската репрезентација
досега собра 23 настапи.