Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2012

Германско-шпански дуели во четврт-финалето, Спортинг патува во Украина

За второто по квалитет натпреварување во Европа беа извлечени двојките во завршната фаза, каде што, исто така, не очекуваат интересни натпревари.

Најмногубројни се шпанските екипи, кои успеаја да се избегнат меѓу себе во четвртфиналето, но две од нив добија Германци за свои противници.

Секако, најинтересен натпревар тука сигурно е дуелот меѓу германскиот Шалке и шпанскиот Атлетик Билбао, натпревар кој ветува многу голови, меч меѓу Хунтелар и Љоренте, напаѓачи кои се на врвот на листата на стрелците во ова натпреварување.

Интересно ќе биде и на дуелот АЗ Алкмар против Валенсија, каде што Шпанците се и едни од поранешните освојувачи на ова натпреварување.

Атлетико Мадрид ќе игра против Хановер во уште еден шпанско-германски дуел, а Спортинг

Лисабон, екипата која го елиминираше силниот Манчестер сити, ќе ги вкрсти копјата со Металист, кој е најпријатно изненадување.

Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат на 29-ти март, првите средби, додека реваншите на петти април. Полуфиналињата на 19-ти и 26-ти април, а големото финале ќе се одигра на деветти мај на „Национал арената“ во Букурешт.

 

АЗ Алкмар – Валенсија

Шалке – Атлетик Билбао

Спортинг Лисабон – Металист

Атлетико Мадрид – Хановер

 

Атлетико Мадрид/Хановер - АЗ Алкмар/Валенсија

Спортинг Лисабон/Металист – Шалке/Атлетик Билбао

Најнови вести