Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Касано сака да се реактивира

Со тежина од 82 килограми, Италијанецот се чувствува во добра форма

Италијанскиот фудбалер Антонио Касано повторно се нуди на трансфер-пазарот. Напаѓачот кој има 36 години, а во кариерата играше за Бари, Рома, Реал Мадрид, Сампдорија, Милан, Интер, Парма и Верона, има желба да се врати на фудбалските терени по едногодишна пауза. 
Касано беше многу талентиран играч, но имаше незгоден карактер и често се здебелуваше, па не беше омилен кај тренерите. Сега, тој тврди дека е во топ форма. Трча по 12 километри на ден и игра тенис за одржување на формата.  
„Сакам да се вратам. Физички сум многу добар, имам 82 килограми, навистина се чувствувам поподготвен од кога било претходно“, изјави некогашниот италијански репрезентативец, кој чека соодветна понуда.
„Би сакал да играм блиску до дома, да има патување еден до најмногу два часа. Физички и ментално сум подготвен. Ако добијам понуда од интересна екипа, сигурно ќе ја разгледам“, додава Касано.


Најнови вести