Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2012

Сантос сака да го земе на заем Робињо идната сезона

Во годината кога слават стогодишнина од постоењето, во Сантос од Бразил наумиле покрај Нејмар, да го приклучат и нивниот некогашен член, а сега фудбалер на Милан, Робињо.

За да го намамат Робињо да се врати во татковината, челниците на Сантос имаат намера на напаѓачот да му понудат 200.000 долари месечно поголеми примања од тие што ги има сега во Милан.
Медиумите во Бразил како најголема пречка за реализација на заемот гледаат во таткото на Робињо, како и во Милан. Наводно, таткото на бразилската ѕвезда е против враќањето на синот во Бразил бидејќи смета дека тоа би му го одвлекувало вниманието од фудбалот.
Милан во овој момент не се согласува со заемот бидејќи има проблеми со закрепнувањето на двајцата напаѓачи. Антонио Касано само што се врати на тренинзите по петмесечното отсуство, додека Пато константно е повреден.
Робињо има договор со италијанскиот шампион до летото 2014 година, а во Сантос помина три сезони пред трансферот во Реал Мадрид.

Најнови вести