Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2012

Касано суспендиран на два натпревари, Стармачони на еден

Андреа Страмачони, тренерот на Интер од Милано, и напаѓачот Антонио Касано очекувано се казнети од страна на Дисциплинската комисија на Серија А.

Касано е казнет со суспензија од два натпревари (Парма и Палермо) поради пцуење на судијата во тунелот по неделниот натпревар од 13-тото коло на Серија А против Калјари, додека Страмачони е казнет со забрана за водење на својата екипа на еден натпревар.
Стратегот на Интер кон крајот на средбата заслужи црвен картон поради вербална навреда на сметка на судијата.
Во Интер по средбата со Калјари имаа големи приговори на сметка на судијата поради, според нивното мислење, недосудениот пенал над Андреа Ранокија во 90-тата минута од средбата, по стартот на Давиде Астори на врвот на казнениот простор.

Најнови вести