Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Јувентус е четири години пред Интер, Рома, Лацио, Наполи...

„Старата дама“ е како Болт, кога сака може да победи, вели некогашниот репрезентативец на Италија, Антонио Касано

Некогашниот италијански репрезентативец Антонио Касано верува дека Јувентус нема да има никаков проблем за да ја освои титулата во Серија А и во новата сезона. „Старата дама“ доминира во последните седум години во домашниот шампионат, а според Касано таквата практика ќе продолжи. 
„Има тимови како Интер, Рома и Лацио кои се засилија. Во исто време Наполи го загуби столбот како што е Рејна. Јувентус е друга димензија. Тие се како Болт. Ако тој сака да излезе на патеката и да победи, ќе го направи тоа. Истото е и со Јувентус. Ако сакаат може да ја освојат титулата може да го направат тоа во февруари, а потоа да мислат на мечевите од Лигата на шампионите. Едноставно Јувентус е три-четири години пред сите“, вели Касано, кој во кариерата никогаш не го носел дресот на најтрофејниот клуб во Италија. 
Во пресрет на новата сезона во Серија А, Јувентус ги доведе двете најзвучни засилувања. Кристијано Роналдо е првата ѕвезда во лигата, а во дефанзивата го врати и Леонардо Бонучи. 

 

Најнови вести