Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2012

Рома без Борини три седмици

Фабио Борини, играчот на Рома, ќе мора да паузира две до три седмици поради повреда на мускулот на левата нога.

Тој се повреди во саботниот натпревар со лидерскиот тим на Серија А, Милан, во кој шестопласираната Рома изгуби со 1-2.
Борини оваа сезона постигна девет голови за „волчицата“, а неодамна дебитира за репрезентацијата на Италија во пријателскиот натпревар со Соединетите Американски Држави.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, селекторот Чезаре Прандели би можело да смета на 20-годишниот напаѓач на Рома за Европското првенство во Полска и Украина претстојното лето, бидејќи повеќемесечното закрепнување на Антонио Касано и Џузепе Роси сè уште не е завршено.
На Касано во ноември минатата година мораше да му биде извршена операција на срцето, додека на Роси во октомври му беше извршен оперативен зафат на коленото.

Најнови вести