Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2012

Касано пред враќање на фудбалските терени

Италијанската асоцијација на спортски лекари, која ја сочинуваат десет медицински експерти од целата држава, му одобри на Антонио Касано, фудбалерот на Милан, да се врати на терените.

Експертите темелно ги разгледаа резултатите од неговите последни тестови и расправаа пред да ја донесат позитивната одлука. Пред Касано, кој веќе неколку денови интензивно тренира, сега е само уште една лекарска комисија која мора да ја одобри неговата подготвеност за игра - Институтот за спортска медицина кој се наоѓа во Рим.
На несреќниот 29-годишен напаѓач му беше извршена операција на срцето во октомври минатата година, откако имаше напад во авионот кога Милан се враќаше од гостувањето кај Рома.
Касано се обидува што подобро да се подготви за да игра за Италија на Европското првенство ова лето во Полска и Украина.

Најнови вести