Корисничко име Лозинка Пријави се
10.2.2012

Милан и против Удинезе без Неста

Алесандро Неста, најдобриот одбранбен фудбалер на Милан, поради повреда ќе мора да го пропушти и натпреварот со Удинезе, кој на програмата е утре.

Триесет и петгодишниот дефанзивен играч веќе две седмици ја влече повредата на мускулот на ногата, поради што не беше во изборот на играчи на тренерот Масимилијано Алегри на претходните два првенствени натпревари, како и на куп- натпреварот со Јувентус, во кои „росонерите“ забележаа два порази и едно реми.

Милан се соочува со голем број повредени играчи во период кој е многу важен за него во борбата за титулата, а тоа создава големи главоболки за тренерот Алегри, кој на овој меч на располагање нема да ги има: Златан Ибрахимовиќ, кој од сабота ќе ја одработува казната од три натпревари, Марк ван Бомел, кој, исто така, е казнет еден меч, како и повредените Алберто Аквилани, Кевин-Принс Боатенг, Алешандре Пато, Антонио Касано, Марио Јепес, Матје Фламини и Џенаро Гатузо.

Најнови вести