Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2012

Милан и Интер повторно си разменија играчи

Италијанските фудбалски градски ривали Милан и Интер си разменија играчи - Антонио Касано ќе облече сино-црн, а Џампаоло Пацини црвено-црн дрес.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Милан ќе му плати на Интер дополнителни седум милиони евра, првенствено бидејќи Пацини е две години помлад.
Пацини ќе потпише тригодишен договор со Милан, а платата ќе му изнесува 2,8 милиони евра, додека Касано дресот на Интер ќе го носи во наредните две години и ќе има плата од три милиони евра.
Касано и Пацини, кои некогаш го сочинуваа напаѓачкиот тандем на Сампдорија, само ја продолжија традицијата на менување играчи меѓу градските ривали во Милано.
Прв којшто го направи тоа беше легендарниот Џузепе Меаца, а потоа по неговите стапки продолжија Фулвио Коловати, Алдо Серени, Роберто Баџо, Франческо Коко, Андреа Пирло, Едгар Давидс, Кларенс Сидорф, Роналдо, Златан Ибрахимовиќ и Сули Мунтари.

Најнови вести