Корисничко име Лозинка Пријави се
04.11.2011

Пато се враќа против Фиорентина

Бразилскиот напаѓач Алешандре Пато е подготвен за враќање на теренот откако заздрави по повредата на половината.

Пато не играше за Милан од 21 септември по дуелот со Удинезе, но би требало да биде во конкуренција за натпреварот од 12 коло во Серија А против Фиорентина кој е на распоредот на 19 октомври.
„Се чувствувам добро и подготвен сум за враќање во тимот. Верувам дека ќе бидам спремен по репрезентативната пауза за средбата со Фиорентина“, изјави Пато, кој потоа откри дека го посетил својот соиграч Антонио Касано кој денеска ќе биде подложен на оперативен зафат на срцето.
„Го посетив Касано и се надевам дека тој ќе биде во ред што е можно побро“, реше Бразилецот.
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри за неделниот натпревар со Катанија може да смета само на двајца здрави напаѓачи – Златан Ибрахимовиќ и Робињо.
Последните вести од Милано говорат дека операцијата врз Касано поминала одлично и дека напаѓачот по неколку дена ќе може да ја напушти болницата, а првите прогнози се дека ќе му се врати на фудбалот за четири до шест месеци.

Најнови вести