Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2014

Прандели сепак го повика Кјелини, на списокот и Касано, но не и Тоти

Чезаре Прандели, селекторот на репрезентацијата на Италија, го соопшти списокот на играчи за Светското првенство во Бразил, меѓу кои се шестмина фудбалери на Јувентус, но и ветеранот Антонио Касано од Парма.

Прандели го повика дефанзивниот играч Џорџо Кјелини, иако медиумите шпекулираа дека ќе го изостави како казна поради суспензијата од три натпревари која ја доби играјќи за Јувентус.
На списокот е и Џузепе Роси, кој се врати на терен по паузата од четири месеци поради повреда на десното колено, како и Марио Балотели и Антонио Касано, но ги нема Алберто Џилардино, Пабло Освалдо, Емануел Џакерини и Доменико Кришито.
Легендата на Рома, Франческо Тоти, не се најде на списокот на италијанскиот селектор.
На Светското првенство во Бразил, Италија ќе се натпреварува во групата Д со Англија, Уругвај и Костарика.
На списокот се голманите: Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Салваторе Сиригу (ПСЖ) и Матија Перин (Џенова)
Одбранбени играчи: Џорџо Кјелини (Јувентус), Андреа Барцаљи (Јувентус), Леонардо Бонучи (Јувентус), Габриел Палета (Парма), Андреа Ранокија (Интер), Кристијан Маџо (Наполи), Матија де Сцилјо (Милан), Игнасио Абате (Милан), Матео Дармијан (Торино) и Мануел Паскал (Фиорентина).
Играчи од средината на теренот: Андреа Пирло (Јувентус), Даниеле де Роси (Рома), Рикардо Монтоливо (Милан), Клаудио Маркисио (Јувентус), Тијаго Мота (ПСЖ), Марко Верати (ПСЖ, Антонио Кандрева (Лацио), Ромуло (Верона), Алберто Аквилани (Фиорентина) и Марко Пароло (Парма).
Напаѓачи: Марио Балотели (Милан), Антонио Касано (Парма), Џузепе Роси (Фиорентина), Алесио Черчи (Торино), Чиро Имобиле (Торино), Матија Дестро (Рома) и Лоренцо Инсиње (Наполи).

Најнови вести