06.7.2013 Интер го донесе Белфодил од Парма
Алжирскиот напаѓач Ишак Белфодил, дваесет и едногодишниот фудбалер на Парма потпиша петгодишен договор со Интер од Милано.
Со ова е финиширан договорот меѓу двата клуба кој вклучуваше и заминување на Антонио Касано во спротивен правец. Белфодил на „Џузепе Меаца“ доаѓа по сезоната во која на 33 настапи во Серија А постигна осум голови.
Младиот фудбалер играше за младинските селекции на Франција, но реши како сениор да го претставува Алжир, каде што е роден.
Белфодил карерата ја почна во Лион кој прво го позајми во Болоња, а минатото лето го продаде на Парма за 2,5 милиони евра.