Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2013

Касано на продолжени зимски празници

За Антонио Касано, напаѓачот на Парма, зимските празници почнаа предвреме и нема да настапи во неделниот натпревар од 17-тото коло на италијанското фудбалско првенство на гостувањето кај Сампдорија.

Вчера на Касано од зглобот на раката медицински му беа отстранети завртките од титан кои хируршки му беа вметнати во оперативниот зафат кој беше извршен во мај оваа година.
Од клубот порачаа дека играчот се чувствува добро, но дека ќе земе продолжен одмор пред да се врати на натпреварувачкиот фудбал во јануари.
Оваа сезона Касано во 16 настапи на Серија А постигна шест голови и три асистенции.

Најнови вести