Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2015

Работнички го освои Купот на Македонија

Работнички по четврти пат ја освои титулата во Купот на Македонија, откако во 23-тото финале на националниот куп на арената „Филип Втори“ го победи Тетекс со 2-1, со погодоците на Баже Илијоски и Марјан Алтипармаковски.

Екипата од Тетово во првото полувреме поведе со 1-0 со голот на Цветан Чурлинов во 45-тата минута, а фудбалерите на Работнички имаа само две полушанси преку Илијоски и Алтипармаковски.
Во второто полувреме „романтичарите“ ја консолидираа својата игра и откако Анене во 65-тата минута не успеа да реализира одлична шанса, по пет минути Баже Илијоски погоди за 1-1. Во 71-вата минута од средбата кај екипата на Тетекс поради груб старт беше исклучен Најдовски, а Алтипармаковски постигна погодок за резултат 2-1.
Во последните дваесетина минути од натпреварот Работнички ја задржа предноста, не му дозволи на Тетекс стигне до израмнување и ја одбрани куп титулата.

Најнови вести