30.8.2018 Работнички го врати Владимир Димитровски во своите редови
Повремениот македонски репрезентативец две години играше во Грција
Владимир Димитровски е новото засилување на Работнички. Бекот потпиша шестмесечен договор со прволигашот, а се смета за големо засилување на тимот кој го води Ѓоре Јовановски.
Во изминативе две години, Димитровски настапуваше во Грција за Керкира и Докса Драма, а во Работнички се враќа откако ги бранеше боите на овој клуб во сезоната 2012/13, додека брои четири настапи во сениорскиот дрес на Македонија.
Во домашниот шампионат, дваесет и деветгодишниот фудбалер има играно за Вардар, Металург, Цементарница, додека интернационалната кариера ја градеше во Белгија, Хрватска, Чешка и Азербејџан.