Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Ренова и Шкупи во шок, Вардар без проблем

Два прволигаши нема да бидат дел од осминафиналето во Купот на Македонија

Два прволигаши се елиминирани од 16-финалето во Купот на Македонија откако денеска беа изненадени на гостувањата кај амбициозни второлигаши. Ренова и Шкупи се во аут откако загубија во Кавадарци, односно во Пехчево. Изненадување е и поразот на велешки Борец од Кораб.
Дербито на „имењаците“ во Форино му припадна на најтрофејниот македонски клуб. Вардар со двата гола на Русинот Максимов ја најави победата над Вардари.  
Дуелот Кожуф – Шкендија не се одигра поради обврски на првакот во европските купови и одложен е за петти септември, а за една недела ќе играат Струга Трим Лум - Победа. 
Резултати: Братство Влазними – Силекс 0-7, Кораб – Борец 1-0, Фортуна – Работнички 0-6, Кит Го Пехчево – Шкупи 2-0, Лабуништа – Академија Пандев 1-3, Вардар Неготино – Скопје 1-0, Осогово – Пелистер 0-1, Поешево – Брегалница 0-2, Превалец – Македонија ЃП 0-2, Тетекс – Гостивар 0-1, Тиквеш – Ренова 2-1, Вардари – Вардар 0-4, Влазерими – Беласица 0-3. 

 

Најнови вести