Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2013

Прекинато финалето на Купот на Македонија поради национализам

Финалниот натпревар од фудбалскиот Куп на Македонија меѓу тимовите на тетовските градски ривали Шкендија и Тетекс во Скопје е прекинат само по десет минути игра поради националистичко скандирање на навивачите на двата клуба.

Сè почна кога на стадионот „Филип Втори“ екстремната навивачка група на Шкендија, наречена Балисти, свиркаше за време на интонирањето на државната химна, а потоа почна да скандира „УЧК, УЧК“ со многу вулгарности и навреди на национална основа упатени кон навивачите на Тетекс.
Главниот судија Александар Ставрев во договор со делегатот одлучи да го прекине натпреварот само по десет минути игра, а полицијата го испразни стадионот и ги раздели навивачите на Шкендија и Тетекс. Потоа натпреварот продолжи, но сепак немаше услови за игра, по што во по 34 минути од стартот судијата ги испрати фудбалерите во соблекувалните.
Цела седмица сите актери на натпреварот се подготвуваа за сите можни сценарија, бидејќи се работи за големи ривали.
ФФМ денеска одлучи новиот термин за одигрување на финалниот меч да биде во недела, 20 часот, пред празни трибини.

Најнови вести