10.2.2014 МЗТ по седми пат го освои Купот на Македонија
Македонскиот актуелен кошаркарски шампион МЗТ Скопје ја совлада екипата на Лирија во финалето на Купот на Македонија и ја освои третата титула во низа.
Со оваа победа МЗТ ја потврди својата доминација во македонската кошарка и ја освои својата седма титула во 22-то издание на Македонскиот куп.
Кошаркарите на МЗТ имаа контрола на играта уште од самиот почеток, а до полувремето веќе имаа предност од 42:30.
Во второто полувреме за пет минути стигнаа до 20 поени предност (56:36), а пред крајот на натпреварот Лирија успеа да го намали заостанувањето за враќање на неизвесноста. На крајот на натпреварот МЗТ триумфираше со конечен резултат 76:73.
Најдобри играчи во екипата на МЗТ беа: Маринковиќ со 16 поени и 12 скокови, Чековски со 13 и Дејвис со 11 поени. Најефикасен кошаркар на натпреварот беше Јелесиевиќ од Лирија со 17 поени.