Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2014

Вардар победник во Купот на Македонија

Во синоќешното финале на Купот на Македонија во Охрид, ракометниот клуб Вардар го победи Металург со 30-28 и со тоа го освои Куп на Македонија и му се реваншираше за поразот во националното првенство.

Натпреварот беше неизвесен и полн со пресврти, но „црвено-црните“ играа со поголема концентрација и во финишот на средбата со головите на Дибиров и Чипурин триумфираа над Металург.
Вардар, кој претходно не ја одбрани титулата во првенството, по деветти пат триумфираше во Купот на Македонија. За најкорисен играч во финалето беше прогласен Алекс Дујшебаев од победничката екипа, најефикасен беше Матијаж Брумен со 14 постигнати голови, а Петар Ангелов беше најдобар на голманската позиција со десет одбрани.


Најнови вести