Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Наследникот на Бубка има 18 години и прескокнува 6,05 од прва

Дуплантис може да го загрози светскиот рекорд кој е актуелен 24 години

Швеѓанецот Арманд Дуплантис беше главна ѕвезда на последната вечер од Европското првенство во атлетика во Берлин откако освои златен медал во скок со стап, поставувајќи младински светски рекорд во оваа дисциплина. Неверојатно талентираниот Дуплантис има само 18 години и стана првиот на таа возраст кој прескокнал 6 метри. Но, Швеѓанецот не застана тука, туку откако испиша историја со прескокнати шест метри, потоа успеа да прелета и 6,05, и тоа од прв обид. Оваа висина е само на 10 сантиметри од светскиот рекорд кој подолго време го држи легендарниот Сергеј Бубка. 
Но, ако се споредуваат Дуплантис и Бубка кога имале по 18 години, Швеѓанецот има шанса за некоја година да го загрози рекордот на Украинецот. Во финалето, Дуплантис го совлада Лавилени, кој е светски рекорд во затворено, но кај Французинот немаше љубомора и прв му честиташе на младиот по фантастичните скокови. Изненади и Моргунов, кој со 21 година прескокна 6 метри и го освои сребрениот медал, па тој и Швеѓанецот во наредната деценија ќе водат големи битки во оваа дисциплина. Првпат се случи двајца скокачи со стап да ја надминат границата од 6 метри на едно големо натпреварување. 
Дуплантис е вториот млад атлетичар од скандинавските земји кои воодушеви на ЕП. Пред него, исто така 18-годишен, Норвежанецот Јакоб Ингебригтсен стана европски првак на 1.500 и 5.000 метри. Ниту еден друг толку млад атлетичар не триумфирал на овие две трки. 

 

Најнови вести