Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2015

Марадона: Се плашам дека Наполи може да испадне

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, остро го критикуваше Маурицио Сари, тренерот на Наполи.

Неговиот некогашен клуб се наоѓа во многу незавидна ситуација на почетокот на новата сезона, само со два бода, без победа го зазема 14-тото место на табелата.
„Наполи не игра напад, Наполи не игра одбрана, два бода од три натпревари? Се плашев од тоа сценарио. Не знам што се случи со тимот во текот на летово, откако си замина Рафаел Бенитес. Го почитувам Маурицио Сари, но тој не може да биде тренер на тимот кој сака да победува“, изјави Марадона.
Минатата сезона екипата од Наполи заврши на петтата позиција, дури со 24 бода помалку од шампионот Јувентус.
„Овој Наполи ме потсетува на Наполи во којшто дојдов. Се боревме да не испаднеме од Лигата. Тоа е мојот најголем страв. Јас би го оставил Бенитес на местото тренер, да не знаеше да работи денес не би бил во Реал Мадрид. Некој направи грешка и денес на теренот се гледаат последиците од таа грешка“, додаде Марадона.

Најнови вести