Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2015

Касано се врати во Сампдорија

Напаѓачот се врати во Сампдорија која ја напушти во 2010 година поради судирот со тогашниот претседател.

Касано потпиша на две сезона за заработка од 700.000 евра по сезона, со клаузула со која Сампдорија може без обесштетување да го отпушти ветеранот кој во текот на кариерата беше познат во контроверзно однесување.
„Касано не дојде само на две години, дојде да стане симбол на Сампдорија. Ќе докаже дека е голем човек“, изјави претседателот на Самдорија, Масимо Фереро.
Касано беше слободен играч од јануари кога поради неисплатена заработувачка ја напушти Парма кој банкротираше по крајот на сезоната.
Тој се врати на „Мараси“ по пет години кога ја напушти Сампдорија по судирот со тогашниот претседател Рикардо Гароне што го означи како најголема грешка во кариерата.
Сампдорија во првото коло од новото италијанско првенство ќе го дочека новиот прволигаш Карпи.

Најнови вести