Корисничко име Лозинка Пријави се
29.1.2016

Едер го засилува нападот на Интер

Интер од Милан го договори трансферот на напаѓачот на Сампдорија, Едер Ситадин Мартинс.

Италијанскиот репрезентативец со бразилско потекло на „Џузепе Меаца“ пристигна на шестмесечна позајмица од 1,5 милиони евра, а Интер ова лето ќе има опција да го откупи за дополнителни 10,5 милиони.
Тренерот на Интер, Роберто Манчини, изминатите седмици ги критикуваше своите напаѓачи Мауро Икарди и Стеван Јоветиќ поради неефикасност.
„Нераѕурите“ се наоѓаат на четвртото место во Серија А со 41 бод (шест помалку од Наполи), а на 21 натпревар постигнаа само 26 голови.
Поради тоа Мачини последните седмици го „бркаше“ Едер, а трансферот му овозможува продажба на Фреди Гуарин во Кина за 12 милиони евра.
Едер е вториот стрелец во Серија А со 12 голови, иако Сампдорија се наоѓа на границата од зоната за испаѓање со само шест победи.
Едер кариерата ја почна во бразилската Крисиума, а во Италија пристигна како 19-годишно момче во 2005 во тимот на Емполи.
Настапуваше уште за Фрозиноне, Бреша и Чезена како позајмен играч, пред да пристигне во Џенова во 2012 година.
Минатата година стана италијански репрезентативец, а на осум настапи за „аѕурите“ постигна два гола.

Најнови вести