Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2016

Алварез во Сампдорија до крајот на сезоната

Аргентинскиот фудбалер Рикардо Алварез, поранешниот играч на Интер, својата кариера ќе ја продолжи во Сампдорија, потврди клубот од Џенова.

Алварез доаѓа како слободен играч во Сампдорија, со која потпиша договор до крајот на сезоната.
Овој 27 годишен играч за врска беше предмет на спор помеѓу Интер и Сандерленд бидејќи минатата сезона англискиот клуб се обврза дека ќе го откупи како позајмен играч, но тоа не го стори поради повредата на Алварез.
ФИФА подоцна пресуди дека Сандерленд треба да му исплати обесштетување на Интер и на Аргентинецот поради заостанатата заработка.
Алварез во 2011 година како голем талент дојде во Интер од Велес Сарсфилд, но не ги исполни големите очекувања.
За селекцијата на Аргентина одигра девет натпревари и постигна еден гол.

Најнови вести