Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2016

Меси ја заврши репрезентативната кариера

Лионел Меси ја заврши репрезентативната кариера по четвртиот пораз во финалето со Аргентина.

Меси беше еден од трагичарите во Њујорк бидејќи не го погоди првиот пенал во серијата против Чиле, кој славеше со 4-2.
„Донесов одлука. Тоа е тоа, многу се обидував, се трудев, но така се чувствувам во моментов. Многу е тажно ова што ни се случува повторно, но јас уште и пенал не погодив. Да тоа е тоа...“, изјави Меси.
Меси одигра 113 натпревари за Аргентина и на Копа Америка стана најдобар стрелец во историјата на селекцијата со 55 голови. 
Меѓутоа, не успеа во репрезентацијата да оствари успеси како со Барселона, ги освои само Олимписките игри во 2008 година, а го загуби финалето на Светското првенство во 2014 година, и три финалиња на Копа Америка, а ниту во едно финале не постигна гол ни тој, ниту репрезентацијата.
Изостанувањето на големиот трофеј со Аргентина е единствен факт поради кој многумина го оспоруваат статусот, на можеби најдобриот фудбалер на сите времиња, со оглед на неговиот сонародник Диего Армандо Марадона, кој беше првак во светот со „гаучосите“.
Со оглед на тоа дека има дури 29 години, прашање е дали оваа одлука е конечна, или само избрзана изјава на фрустрираниот Меси.
Покрај Меси, крај на репрезентативната кариера најавија и Хавиер Маскерано и Серхио Агуеро.
Аргентина е без трофеј од 1993 година, не сметајќи ги ОИ, кога ја освои својата последна Копа. 

Најнови вести