Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2018

Рамос: Марадона е светлосни години зад Меси

Серхио Рамос, капитенот на шпанската репрезентација и на Реал Мадрид, изјави дека Лионел Меси, ѕвездата на Барселона, е најдобриот аргентински фудбалер на сите времиња и дека Диего Армандо Марадона е светлосни години зад него.

„Во Аргентина знаат дека Марадона е светлосни години зад најдобриот аргентински играч во историјата, Меси“, изјави Рамос пред новинарите по победата на Шпанија над Иран (1-0) во Казањ.
Рамос на овој начин му одговори на Марадона дека Уругваецот од Атлетико Мадрид,  Диего Годин е подобар дефанзивен играч од него.
За разлика од марадона, кој беше најзаслужен за светската шампионска титула во 1986 година во Мексико, Меси нема титула од Мундијалот, но и ниту еден трофеј во дресот на националниот тим.
Во Бразил пред четири години беше запрен во финалето, додека во борбата за трофејот на Копа Америка изгуби два пати.
Од друга страна, Рамос со Шпанија е блиску до пласман во осминафиналето на Мундијалот, а за тоа на Шпанците ќе им биде потребна победа над Мароко во последното коло на групата Б.

Најнови вести