Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2012

Милан казнет поради навивачите на градското дерби

Дисциплинската комисија на италијанската Серија А го казни Милан со 8.000 евра поради непристојно однесување на неговите навивачи на натпреварот од седмото коло против Интер.

Милан во неделата како домаќин беше поразен од Интер со 0-1, а навивачите на „росонерите“ фрлија пет пластични шишиња на теренот и истакнаа навредлив транспарент за напаѓачот Антонио Касано, кој летоска премина од Милан во Интер.
Масимо Амброзини, капитенот на Милан, е суспендиран на еден натпревар бидејќи во финишот на мечот ја напушти клупата и влезе во жестока расправа со судијата. Амброзини ќе го пропушти дуелот со Лацио во Рим.

Најнови вести