Корисничко име Лозинка Пријави се
22.1.2013

Почина претседателот на Сампдорија, Рикардо Гароне

Италијанската фудбалска јавност ја оплакува смртта на претседателот на прволигашот Сампдорија, Рикардо Гароне, кој почина синоќа по долго боледување, само два дена пред својот 77-ми роденден.

Почесниот претседател на мултиенергетската компанија „ЕРГ“, кој има шест деца, го купи клубот од Џенова во јануари 2002 година од Енрико Мантовани. Неговиот најстар син Едоардо е потпретседател на Сампдорија.
Изрази на сочувство на семејството Гароне доаѓаат од сите краишта на Италија, а се огласи и напаѓачот на Интер, Антонио Касано.
„Таа болка не може да се опише, ова е еден од најтажните денови во мојот живот. Засекогаш ќе биде во моето срце, засекогаш ќе го сакам“, изјави Касано за претседателот на клубот, кој ја воздигна неговата кариера летото 2007 година, по неуспешната авантура во Реал Мадрид.
Касано зимата 2010 година жестоко се скара со Гароне, по што го напушти клубот и премина во Милан.

Најнови вести