Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2012

Касано сака да го напушти Милан, а желба му е Џенова

Егзодусот од италијанскиот фудбалски вицешампион Милан, очигледно, ќе продолжи и по заминувањето на Тијаго Силва и Златан Ибрахимовиќ во ПСЖ.

Желба за одење од „Сан Сиро“ изрази и еден од неговите репрезентативци, 30-годишниот Антонио Касано. Касано на италијанските новинари им изјави дека би сакал да се врати во Џенова, но да не го облече повторно дресот на Сампдорија, која минатата сезона се врати од Серија Б во Серија А.

Касано поголемиот дел од својата кариера, од 2007 до 2011 година, го помина во Сампдорија, со која беше и на прагот за влез во Лигата на шампионите. Иако голем дел од времето таму Касано имаше статус на ѕвезда, на крајот многу грдо се збогува од тој клуб.

Сега Касано сака да замине во Џенова и италијанските медиуми наведуваат дека такво нешто би можело да се реализира, бидејќи Милан не инсистира премногу тој да остане, а и со години Милан со тој клуб создаде одличен мост на работна соработка, па би можело полесно да се договорат околу условите. Покрај тоа, клубот од Милано веќе подолго време следи и е заинтересиран за неколку играчи на Џенова.

Најнови вести