07.11.2011 Касано на домашно лекување
Антонио Касано, оперираниот фудбалер на Милан, е пуштен на домашно лекување, јавија италијанските медиуми.
На Касано во петокот му беше извршена мала операција на срцето, која добро ја поднесе, па докторите одлучија дома да продолжи со закрепнување.
Италијанскиот фудбалер во болница е примен минатата сабота, по првенствениот натпревар во кој Милан ја совлада Рома со 3-2. Дваесет и деветгодишниот напаѓач за време на летот од Рим имаше проблеми со видот, говорот и движењето.