Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2013

„Газета дело спорт“: Касано од Интер во Парма

Триесетгодишниот италијански напаѓач Антонио Касано ги напушта редовите на Интер од Милано само по една сезона помината во клубот и се сели во Парма, со која потпиша тригодишен договор, пренесуваат италијанските медиуми.

„Газета дело спорт“ наведува дека во спротивен правец како дел од трансферот ќе отиде 21-годишниот алжирски напаѓач Исхак Белфодил, кој со Интер потпиша петгодишен договор, кој би требало да му донесе годишна плата од 800.000 евра, плус бонуси.
Доколку трансферите добијат и официјална потврда, Парма на Касано ќе му биде седми различен клуб, по Бари, Рома, Реал Мадрид, Сампдорија, Милан и Интер.
Минатата сезона Касано во дресот на „нераѕурите“ постигна седум голови и девет асистенции во 28 настапи во Серија А.

Најнови вести