17.5.2013 Малерозниот Касано ја скрши раката
Антонио Касана воопшто нема среќа сезонава откако ја скрши раката по заздравувањето од повредата поради која паузираше четири седмици.
Италијанскиот репрезентативец пред десетина дена се врати на терените по паузата од четири седмици и го пополни составот на Интер кој е десеткуван поради повредени фудбалери, но сепак нема да го дочека крајот на сезоната на терен.
Касано на вчерашниот тренинг ја скрши раката, па ќе го пропушти последното коло и дуелот со Удинезе во недела. Сезонава тој одигра одигра 28 натпревари на кои постигна осум голови.
Повредите на Касано и на уште неколку важни првотимци многу влијаеја на лошиот пласман на Интер кој во моментов е деветти на табелата во Серија А и не успеа да избори пласман во европските натпреварувања за следната сезона.