Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2012

Касано се враќа во април

Антонио Касано, напаѓачот на Милан, би можело да се врати на тренинзите во полна пареа на почетокот на април, пренесуваат од клубот, откако последните медицински испитувања поминале во најдобар можен ред.

Италијанецот во моментов работи одвоено од екипата, а тој постепено го засилува и интензитетот на тренингот и се чека дозволата од главниот доктор за да може целосно да му се приклучи на тимот.
На искусниот напаѓач пред извесно време му беше извршена операција на срцето, а и покрај најавите дека ќе го пропушти Европското првенство во Полска и Украина, Касано, очигледно, ќе биде подготвен.
Оваа сезона во Серија А одигра девет натпревари и постигна девет погодоци, но бројот на асистенции беше тоа што овој фудбалер го направи многу важен за екипата.

Најнови вести