Корисничко име Лозинка Пријави се
09.4.2013

Интер еден месец без Касано

Италијанскиот прволигаш Интер потврди дека неговиот напаѓач Антонио Касано ќе биде надвор од погон најмалку еден месец поради повреда на бутниот мускул, со која се здоби во неделниот пораз од Аталанта (4-3).

Касано мораше да излезе од игра уште во 32-та минута од дуелот од 31-то коло на Серија А игран на „Сан Сиро“. Тоа е тежок удар за „нераѕурите“ кои претходно поради повреда останаа без Диего Милито и Родриго Паласио. Тренерто Андреа Страмачони сега на располагање има само еден напаѓач – Томазо Роки.
Интер моментно се наоѓа на шестото место во Серија А, а идната седмица го очекува реванш-натпреварот од полуфиналето на Италијанскиот куп против Рома. Во првиот натпревар фудбалерите од Рим на својот „Олимпико“ славеа со 2-1.

Најнови вести