Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2013

Касано се врати по паузата од еден месец

Напаѓачот на Интер, Антонио Касано, по четири седмици пауза поради повредата на задната ложа се врати на тренинзите и малку ја олесни непријатната ситуација во која се наоѓаат „нероаѕурите“.

Поради повредите на Касано, Родриго Паласио и Диего Милито, тренерот на Интер, Андреа Страмачони на последните неколку натпревари на располагање имаше само еден класичен напаѓач – Томасо Роки. Вчера Касано се приклучи на тренингот со соиграчите, а се очекува утре, на гостувањето кај Наполи да биде на клупата за резерви.
Касано сезонава на 27 настапи во италијанското првенство постигна осум голови. Интер на четири кола пред крајот на првенството е на седмата позиција во Серија А со два бода помалку од Рома која го држи последното место кое води во Лигата на Европа.

Најнови вести