Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2013

Трезеге четири месеци надвор од теренот

Давид Трезеге, напаѓачот на аргентинскиот Ривер плате, ќе паузира четири месеци поради операција на коленото по што е неизвесно дали ќе продолжи да игра фудбал.

Поранешниот репрезентативец на Франција има хронични проблеми со коленото и единствено решение е операција, што значи нема да игра до крајот на аргентинскиот шампионат, кој завршува на 23-ти јуни.
Искусниот напаѓач во досегашниот тек на сезоната во дресот на Ривер одигра десет натпревари и постигна еден гол.
Екипата на Ривер моментно се наоѓа на третото место на табелата на шампионатот на Аргентина, со два бода помалку од водечкиот Ланус.
Трезеге има 35 години, а пред Ривер има играно за Еркулес, Јувентус и Монако. Тој со селекцијата на Франција ги освои титулите светски и европски шампион, а со Јувентус двапати беше шампион на Италија.

Најнови вести