Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2015

Савиола се врати во Ривер плате

помина во елитните европски клубови, се врати во Аргентина, во Ривер плате, со кого освои две шампионски титули.

Аргентинскиот напаѓач Хавиер Савиола, кој 14 години
„Едвај чекам да почнам да тренирам. Се надевам дека ќе имам таков прием каков што имав првиот пат кога играв за овој клуб“, изјави 33-годишниот Савиола, кој треба да ги помине лекарските прегледи пред да го потпише договорот.
Неговиот договор со Верона истекува на 30-ти јуни.
Савиола во кариерата со Барселона и со Реал ја освои шампионската титла на Шпанија, како и шампионската титула на Грција со Олимпијакос и на Португалија со Бенфика.
Тој со Севилја го освои Купот на УЕФА, а играше и за Монако.
Савиола го освои и златниот олимписки медал во Атина во 2004 година, а со репрезентацијата на Аргентина до 20 години ја освои светската шампионска титула во 2001 година.
Ривер плате игра во полуфиналето на Копа Либертадорес против парагвајскиот Гуарани на 14-ти и на 21-ви јули.

Најнови вести