29.12.2015 Атлетико го донесе Кранавитер од Ривер плате
Репрезентативецот на Аргентина и до неодамна фудбалер на Ривер плате, Матијас Кранавитер, ќе ја продолжи својата кариера во Атлетико Мадрид.
Тој денес пристигна во Мадрид и им се приклучи на новите соиграчи на тренингот во тимот на Диего Симеоне.
Атлетико летово го договори трансферот на играчот за врска на Ривер за осум милиони евра, но ја исполни желбата на фудбалерот да остане како позајмен играч до декември и да настапи на Светското клупско првенство.
Овој 22 годишен фудбалер потпиша петгодишен договор со „јорганџиите“.
Кранавитер до сега одигра три натпревари за репрезентацијата на Аргентина.