Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2015

Барселона лесно до третата светска титула

Фудбалерите на Барселона по трети пат во историјата го освоија трофејот на Светскиот клупски првак откако во финалниот натпревар го совладаа аргентинскиот Ривер плате со 3-0 (1-0).

Барселона славеше со головите на Лионел Меси во 36-тата минута и Луис Суарес во 49-тата и 68-тата минута.
Првиот гол Барселона го постигна по центар шутот на Даниел Алвес, по кој Нејмар со глава ја спушти топката, а Меси од паѓање постигна гол. Суарес по одличното проигрување на Бускетс ја зголеми предноста, а точка на натпреварот стави со својот втор гол, овој со глава, по центаршутот на Нејмар.
На Каталонците ова им е петти трофеј во 2015 година, а претходно го освоија Кралскиот куп, шампионатот на Шпанија, Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА.
Во натпреварот за трето место кое се одигра вчера Хирошима го совлада Гвангжу со 2-1, што е воедно и најголем успех на Јапонскиот клуб во историјата.
„Целта беше да освоиме пет трофеи и во тоа успеавме. Сега ќе можеме малку да уживаме со своите семејства, а потоа да се вратиме назад кон предизвиците и победите. Играчите знаат колку тешко се освојуваат титулите. Страст е да се победува и да се игра атрактивно. Стилот на Барселона е за оние кои го сакаат фудбалот“, истакна Енрике.
„Ривер плате беше храбар противник, но бевме на такво ниво што беше невозможно да нè победи“, заврши Енрике.

Најнови вести