Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2015

Ривер шампион на Јужна Америка

Фудбалерите на Ривер плате го освоија Копа Либертадорес, по трет пат во историјата на клубот, а прв по 19 години.

Клубот кој само пред три години беше второлигаш во финалниот двомеч беше подобар од мексиканскиот Тигре, со победа од 3-0 на свој терен.
Со головите на Лукас Аларио , Карлсо Санчез и Рамиро Фунес Мори „Монументал“ го прослави освојувањето и на вториот континентален трофеј за една година, по Копа Судамерикана во декември минатата година.
Ривер поведе во завршницата на првото полувреме преку 22-горишниот Аларио, напаѓачот кој во клубот стигна само пред еден месец, по центаршутот на Леонел Вањони.
На петнаесет минути пред крајот, Карлос Санчез е соборен во казнениот простор, а потоа ја презеде одговорноста и сам ја испрати топката од белата точка зад грбот на Нахуел Гусман.
Само четири минути подоцна, Рамиро Фунес Мори ја потврди победата со удар со глава по корнерот.
Дуелот на „Монументал“ го обележа валканата игра на двата тима, забележани беа дури 44 фаули и девет жолти картони, но и покрај тоа, Ривер ја потврди супериорноста во однос на Мексиканците.
Ривер едвај се пласира во нокаут-фазата на натпреварувањето, додека осминафиналето го помина благодарение на најголемиот ривал Бока јуниорс, поради нападот од страна на навивачите на играчите на овој клуб во тунелот на полувремето во реванш-натпреварот.
Во четврт-финалето беа поразени на домашен терен од Крузеиро, но ги разбија Бразилците во Бело Оризонте со 3-0, по што лесно го прескокнаа уругвајскиот Гуарани.
Оваа титула посебно го израдува Марсело Галјардо, тренерот на Ривер плате, кој пред 19 години беше шампион на Копа Либертадорес со овој клуб како играч, со победата над колумбискиот Америка де Кали.

Најнови вести