Корисничко име Лозинка Пријави се
10.12.2014

Пабло Аимар во Ривер плате

Фудбалскиот клуб Ривер плате, кој денес го игра финалето на Купот на Јужна Америка со Насионал, најави дека во екипата ќе се врати некогашната ѕвезда на клубот Пабло Аимар.

„Сигурно е дека Аимар ќе игра во Копа Либертадорес“, изјави Родолфо Д’Онофрио, претседателот на Ривер плате.
Триесет и петгодишниот Аимар за Ривер играше од 1996 до 2001 година и постигна 22 гола на 87 натпревари.
Аимар по аргентинскиот клуб играше во шпанската Примера лига, во Валенсија и во Сарагоса, како и во португалската Бенфика, пред да има епизода во малезискиот Јохор.
Аимар имаше шанса да игра за Ривер и минатиот јуни, кога беше еден од приоритетите на тренерот Марсело Галјардо, но кондициски не можеше да одговори на барањата на клубот.

Најнови вести