Корисничко име Лозинка Пријави се
06.3.2012

Дијас даде отказ во Индепендиенте

Само по шест месеци откако пристигна на клупата на Индепендиенте, Рамон Дијас, педесет и двегодишниот аргентински тренер и поранешен прославен напаѓач на Интер, поднесе оставка.

Славниот аргентински клуб по четирите воведни кола се наоѓа на последното место на табелата без ниту еден освоен бод. Поранешниот тренер на Ривер плате и Сан Лоренцо тоа не можеше да го поднесе, па реши да даде отказ.
„Целата вина ја носам јас. Клубот ми даде сè што му побарав. Можам само на раководството и на фудбалерите да им ја изразам мојата благодарност“, рече Дијас.
Привремено на клупата ќе го замени досегашниот тренер на резервниот тим Кристијан Дијас.

Најнови вести