Корисничко име Лозинка Пријави се
15.5.2015

Суперкласико: Солзавец, хаос, прекин

Реваншот од осминафиналето на Копа Либертадорес, Суперкласико меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плате, е прекината пред стартот на второто полувреме при резултат 0-0.

Набрзо по тоа над теренот се долета дрон со бело платно кое било во облик на дух, а на кое било испишана буквата Б, алузија на времето кога Ривер Плате играше во втората лига на Аргентина.
Телевизиските камери го забележаа моментот кога еден од навивачите на Бока фрли нешто во флексибилниот тунел, по што почна да прска нешто што потсетува на солзавец со сличен ефект.
Гостинските фудбалери се обидоа да се заштитат со дресовите, но тоа само дополнително им ја влоши ситуацијата.
„Цело тело ме боли. Не сум сигурен што фрлија, но ми се чини дека е солзавец во прашање. Неверојатно!“, изјави Леонардо Понцио, фудбалер на Ривер, додека неколку негови соиграчи завршија во болница.
Кратко по инцидентот голем број од вкупно 50.000 навивачи го напуштија стадионот, но најогнените останаа на трибините, додека играчите од двата тима, официјалните лица и полицијата стоеја на центарот на теренот.
„Ова е тажно. Просто е неверојатно што се случи. Ние играме фудбал, но ова нема никаква врска со фудбалот. Срамота!“, повторуваше тренерот на гостите, Марсело Галјардо.
Ова беше трет Суперкласико во само 12 дена меѓу двата најголеми ривали. Бока славеше на првиот меч во националното првенство со 2-0, а Ривер возврати четири дена подоцна на првиот натпревар од јужноамериканската Лига на шампиони.


Најнови вести