Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2015

Тевес не добива плата, ќе се врати во Јувентус?

Аргентинецот Карлос Тевес би можело да се врати во Јувентус само по неколку месеци од враќањето во Бока јуниорс.

Иако тоа му е омилениот клуб, Тевес не е задоволен од тоа што веќе три месеци не примил плата на „Бонбониера“, а според договорот, има право да ја напушти Бока.
Тоа наводно се обидува да го искористи Јувентус и да си врати еден од клучните играчи од минатата сезона, во која „старата дама“ играше во финалето на Лигата на шампионите по повеќе од десет години пауза.
Но, италијанските медиуми шпекулираат дека во Торино би можело да има и спротивставувања во врска со неговиот престој поради начинот на којшто бараше да се врати во Аргентина, а дека друга пречка би можела да бидат добрите понуди од другите европски клубови.
Тевес со Бока јуниорс е блиску до освојување на шампионската титула на Аргентина. Бока има шест бодови повеќе од Сан Лоренцо и Росарио, коишто на три кола пред крајот ја делат втората позиција.
Тевес постигна три погодоци во десет настапи во Примера лигата.

Најнови вести