Корисничко име Лозинка Пријави се
02.11.2015

Титулата за Бока, Тевес го исполни сонот

Фудбалерите на Бока јуниорс предводени од Карлос Тевес ја освоија титулата во аргентинското првенство со победата над Тигре на коло пред крај.

Бока на легендарната „Бомбониера“ го победи Тигре со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Фабиан Монсон во 42-ата минута на натпреварот.
Со оваа победа „сино-жолтите“ стекнаа недостижна предност од шест бодови во однос на Сан Лоренцо и така стигнаа до 31-вата титула, а единствено нивниот најголем ривал Ривер плате има повеќе - 36.
Бока го зачува водството на натпреварот и по тоа следеше голема прослава на навивачите и фудбалерите, но без дилема најсреќен беше еден човек - Тевес, кој сезонава се врати во омилениот клуб, одби да остане во Јувентус, но и за 20 милиони евра да се пресели во Кина.
„Среќен сум, се вратив да го осетам ова. Тешко е да се каже што било“, беше краток Тевес веднаш по натпреварот.
Карлос Тевес го освои најважниот трофеј во животот, иако далечната 2003 година беше дел од тимот кој ја покори Аргентина. За време на кариерата беше шампион со Коринтијанс (2005 г.), Манчестер јунајтед (2008 и 2009 г.), Манчестер сити (2012 г.) и Јувентус (2014 и 2015 година). Бока по прв пат стана шампион од 2011 година, а искусниот напаѓач постигна пет голови на 12 натпревари.
Триесет и едногодишниот играч од Буенос Аирес се смири по големата прослава со навивачите и ги објасни причините за враќањето во Аргентина.
„Освоив многу титули ширум светот, но ништо не може да се спореди со ова. На овие момци им беше потребен овој трофеј за да го тргнат притисокот од себе. Го заслужија сето ова, поради многу причини го заслужија. Отсега ќе гледате нова Бока“, додаде Тевес.

Најнови вести