21.1.2016 Тинејџер од Бока јуниорс во Реал Мадрид
Реал Мадрид се наоѓа на чекор од доведувањето на младиот играч на Бока јуниорс, Родриго Бентанкур, пренесуваат аргентинските медиуми.
„Кралскиот клуб“ е суспендиран и има забрана за ангажман на нови фудбалери во следните два преодни рока, па сака до крајот на јануари да се обезбеди за следната година и пол.
Прв на листата на желбите е 19-годишниот играч за врска Бетанкур, кој Мадриѓаните ќе ги чини 10,5 милиони евра, што ќе биде шести најголем трансфер во историјата на Бока јуниорс.
„Тој е концентриран на подготовките со Бока и ништо не сакаме да зборуваме пред време“, изјави таткото на младиот фудбалер Роберто Бетанкур за аргентинскиот весник „Оле“.
Управата на Реал и на Бока не сакаа да ги коментираат тврдењата за можниот трансфер.