Корисничко име Лозинка Пријави се
28.4.2017

Голема тепачка меѓу играчите и навивачите во Копа Либертадорес

Натпреварот меѓу уругвајскиот Пењарол и бразилскиот Палмеирас во четвртото коло од групната фаза на Копа Либертадорес го обележа голема тепачка меѓу играчите и навивачите.

Пењарол по првото полувреме имаше предност од 2-0, а потоа Палмеирас во продолжението направи пресврт на натпреварот во негова корист и победи со 3-2.
По пресвртот, дојде до тепачка меѓу играчите, која брзо прерасна во тепачка, а Фелипе Мело беше виден како со бокс во главата го удира Миер, играчот на Пењарол, и тоа кога судијата го означи крајот на натпреварот.
Кога го удри противничкиот фудбалер, поранешниот фудбалер на Јувентус се повлече бидејќи играчите на Пењарол  тргнаа кон него, па фудбалерот на Палмеирас се повлече во аголот на теренот барајќи заштита од полицајците. Судирите меѓу играчите продолжиле и пред соблекувалните.
Насилството од теренот потоа се пренесе и на трибините, каде што домашните навивачи ги гаѓаа гостинските со сè и сешто.

Најнови вести